Заев во Турција на средба со Ердоган

12 февруари, 2018 | 8:14 часот | 554 прикажувања |

Македонскиот премиер Зоран Заев кој e во посета на Турција, денеска ќе разговара со турскиот премиер Бинали Јилдирим, по што ќе следува и средба на делегациите од Македонија и Турција. Јилдирим и Заев ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Во текот на денот, премиерот Заев предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието на Турција Исмаил Кахраман и со претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

На вечерата во Анкара, организирана од Сојузот на стопански комори и берзи на Турција, Заев изјавил дека постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу двете земји.