Мицкоски и Николоски на мини балканска турнеја

11 февруари, 2018 | 20:45 часот | 588 прикажувања |

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на мини турнеја во регионот, ќе остварат средби со политичари од Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

„Предвидени се средби со Претседателот на партијата СДС и поранешен премиер на Република Словенија Јанез Јанша, Претседателот на ХДЗ и Премиер на Република Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС и Претседател на Република Србија Александар Вучиќ. На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка и соработката меѓу партиите. Со ова ВМРО ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот, како и на зацврстување на меѓусебното пријателство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На балканската турнеја претходеа политички средби на Мицкоски во САД, официјален Брисел и посетата на Будимпешта Унгарија.