ФОТО: Самуел Жбогар, преименувајте се во Саламин Жабар

11 февруари, 2018 | 14:15 часот | 5.055 прикажувања |

Самуел Жбогар променете го вашето име во Саламин Жабар, му порача учесничка на протестот за зачувување на уставното име Македонија кој денеска се одржа во главниот град на Словенија, пренесе словенечкиот неделник „Демократија“.

Собрани на денешниот мирен протест под наслов „Ние сме Македонија – само едно име имаме“ помеѓу 400 и 500 учесници на протестот повикаа словенечките политичари кои имаат моќ на одлучување во Брисел да ја поддржат Македонија, а не Грција. Тие потсетија на напорите за зачувување и заштита на уставното име Македонија кои одредени структури (од Словенците со прст покажаа на Жбогар) сакаат на секој начин да го избришат.

Помеѓу денешните протестанти имаше и значителн број на словенечки патриоти со знамиња на Словенија, кои ги разбираат македонските родољуби во нивните напори за одбрана на националниот идентитет.

Собраните присутни ги повикаа словенечките политичари во Брисел да го послушаат словенечкиот народ кој стои на страната на македонскиот народ, со цел да не бидат повредени неговите национални чувства од штетните политики на Брисел, пренесува „Демократија“.