Внимавајте: голем одрон го блокираше патот Кочани-Македонска Каменица

11 февруари, 2018 | 13:27 часот | 744 прикажувања |

Голем одрон на карпи го блокираше регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица во близина на селото Истибање. За среќа при одроднот не поминувале возила и нема повредени.

Сообраќајот моментално е во прекин. Делницата е затворена за сообраќај на секаков вид моторни возила. Како алтернатива се користи патот Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Градежното претпријатие „Гранит“ врши реконструкција на патот и отстранување на одроните.

извор: Макфакс