Пентагон го доби најголемиот буџет во историјата

11 февруари, 2018 | 12:22 часот | 365 прикажувања |

Пентагон доби досега најголем буџет и тој изнесува 700 милјарди долари. Тоа се многу повеќе пари за одбрана од тоа што издвојуваат Кина и Русија.

Американскиот буџет, кој го потпиша претседателot Доналд Трамп, предвидува голем пораст на воените трошоци. Пентагон во буџетската 2018 година ќе има на располагање 94 милијарди долари повеќе во однос на претходната година, што е скок од 15,5 отсто, според Асошиејтед прес.

Ова е најголемото зголемување во однос на претходната година уште од 2003 година, кога буџетот на Пентагон се зголеми за 26,6 отсто за време на војната во Авганистан, инвазијата врз Ирак и проширувањето на системот на национална одбрана по нападите на 11 септември 2001 година.

Од 700 милијарди долари наменети за одбраната во буџетската 2018 година, која почна на 1 октомври, околу 629 милијарди долари се наменети за основните активности на Пентагон, додека 71 милијарда се предвидени за војните во Авганистан и во други делови на светот.

Со овој буџет американската војска ќе може да плати илјадници дополнителни војници, обуки, бродови и друго со што одбраната ќе биде логистички многу поголема.