Прекин на забраната за тешки товарни возила на патиштата

11 февруари, 2018 | 11:37 часот | 476 прикажувања |

Укинати се  забраните за  движење на тешки товарни возила на патните правци низ државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Укината е забраната на планинскиот превој Ѓавато, на планинскиот превој Стража, на патниот правец с. Шипковица- Попова Шапка, и на патниот правец Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снежни врнежи има  на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, Kрива Паланка, Страцин, Кула, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Павлешенци, Дебар и Прилеп.