Законот за финансиска поддршка на инвестиции поставен на ЕНЕР

11 февруари, 2018 | 11:21 часот | 271 прикажувања |

Законот за финансиска подршка на инвестиции со кој ќе се применуваат мерките од владиниот план за економски раст е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Целта на законот е поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето.

На веб страницата на ЕНЕР е наведено дека Предлог законот треба да биде подготвен до 1-ви следниот месец.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, за законот во кој се формулирани мерките од Планот за економски раст  до крајот на следниот месец треба да заврши и собраниската процедура по што ќе биде имплементиран.