Артан Груби на работен ручек со Метју Нимиц

11 февруари, 2018 | 11:09 часот | 979 прикажувања |

Пратеникот на ДУИ и претседател на собраниската комисија за европски прашања, Артан Груби, во Њујорк имал работен ручек со посредникот на Обединетите Нации во спорот за името, Метјуц Нимиц.

Груби му ги пренел на Нимиц впечатоците од средбите во Вашингтон, вклучувајќи ги и видувањата и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.

„Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е поблиску од кога било. Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо. Компромисот мора да овозможи неодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со оддржлив мир и стабилноство нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи представува предуслов за економски развој и општествена благосостојба“, се вели во соопштението.