ФОТО: Застој на сообраќајот кај Стража, забрана за тешки товарни возила

10 февруари, 2018 | 21:06 часот | 609 прикажувања |

Поради интензивните врнежи од снег, сообраќајот кај првојот Стража во текот на целиот ден се одвиваше со потешкотии.

На социјалните мрежи граѓаните кои се затекнале на лице место споделуваат фотографии од кои може да се забележи колона од возила.

Од АМСМ информираат дека поради врнежите на Стража е воведена забрана за тешки товарни возила. Забрана имаше и утринава, по што беше укината, но поради врнежи од снег забраната повторно е вратена.