Груевска-Маџовска: Во буџетот за култура нема ни денар за македонскиот јазик

10 февруари, 2018 | 15:52 часот | 3.147 прикажувања |

Професорката Симона Груевска-Моџовска на својот фејсбук профил упати остра критика до Министерството за култура, поради распределба на буџетот, бидејќи како што вели, на 49 страници ниту еднаш не бил спомнат македонскиот јазик.

„Не што зборот не е збор, туку лажевте! Во Стратегијата на Министерството за култура 2018-2020 на 49 страници ниту еднаш не е спомнат македонскиот јазик! Какви фондови, каква афирмација! Ај сега нека излезе проф. Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик при Министерството за култура, кој држеше прес-конференции за мерките за афирмација на македонскиот јазик и нека објасни зошто ги нема! Исто како што и во Буџетот за 2018 година нема еден денар за македонскиот јазик! Срам да ви е!“, напиша професорката.