Мицкоски на средба со претставници од македонската дијаспора во САД

10 февруари, 2018 | 15:48 часот | 675 прикажувања |

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден остварил повеќе средби со дијаспората во Њу Џерси, САД и одржал трибина на која се разговарало за акутелните политички состојби во Република Македонија, информираат од партијата.

Мицкоски остварил средба со претставниците на Движењето за човекови права во Њу Џерси – организација која повеќе од 30 години превзема голем број активности насочени кон заштита на правата на македонците кои живеат надвор од македонија како и добротворни активности во Република Македонија.

Мицкоски ги информирал соговорниците за активностите на ВМРО-ДПМНЕ насочени кон промоција на стратешките надворешно-политички приротети на Република Македонија. Исто така соговорниците се осврнале и на актуелната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски истакнал дека во нашата земја владее правна несигурност и политички терор.

Мицкоски го посетил црковниот храм Св. Кирил и Методиј кој е дел од една од најстарите и наголемите црковни заедници на Северноамериканскиот континент.

Мицкоски исто така одржал трибина во Црквата Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси каде со над 150 претставници на дијаспората разговарал за актуеланта политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е насочена кон Евро-атланска интеграција и стратешко сојузништво со САД, како интегрален дел од заштита на националните интереси на нашата земја.