Во Министерството за финансии презентиран најновиот софтвер за јавни набавки

10 февруари, 2018 | 13:37 часот | 566 прикажувања |

Денеска во Министерството за финансии  беше презентиран најновиот софтвер на бирото за јавни набавки, со цел овозможување поголема транспарентност и отчетност во процесот на склучување договори за јавни набавки и граѓаните да го добиваат најдоброто, за најдобра цена од своите средства. Исто така насоката е тие да имаат пристап до сите податоци поврзани со јавните набавки, затоа што имаат право на истото.

Портпаролката на Министерството за финансии, Јована Аврамовска, изјави дека целта е да се овозможи изработка на персонализирани анализи и да се дадат одговори на многу прашања поврзани со јавните набавки.

Ново во надградениот систем е објава на склучените договори, бесплатен преглед на тендерската документација, критериумите и условите и поради транспарентноста на самите договори, може да се прават натамошни анализи.