Уште еден службеник ја напушти Белата куќа

10 февруари, 2018 | 12:36 часот | 534 прикажувања |

Дејвид Соренсен, кој бил задолжен за пишување говори, поднел оставка откако Белата куќа дознала за обвиненија на негова сметка, тоа го потврдила и портпаролката на Белата куќа, Раџ Шах.

Соренсен ги негирал обвинувањата за кои пишуваше Вашингтон пост.

Вашингтон пост објави дека поранешната сопруга на Соренсен тврди дека бил насилен и дека емоционално ја малтретирал за време на краткиот брак.

Претходно, во средата, секретарот на Белата куќа, Роб Портер, еден од најблиските соработници на американскиот претседател, поднесе оставка по обвинувањата дека ги злоупотребувал двете поранешни сопруги.

Тој исто така ги негираше обвиненијата.

Претседателот Трамп постави рекорд во сменувањата на персоналот во Белата куќа во првата година, вели Вашингтон пост.