Тутунска банка успеала да врати 80 проценти од украдените три милиони евра

10 февруари, 2018 | 12:29 часот | 586 прикажувања |

Тутунска банка успеала да врати 80 проценти од трите милиони евра кои и беа украдени во грабежот кој се случил минатата година во април, а кон крајот на годината била донесена првостепена пресуда за обвинетите. Грабежот  го извршил вработен во банката, заедно со уште неколкумина.

Во декември минатата година банката склучила спогодба со осигурителна компанија за надомест на 80 проценти од штетата.

Девет години и два месеци затвор е казната која ја добил Бобан Смилевски, а неговиот брат Горан Смилевски, кој  се товарел за тешка кражба и затајување, е осуден на шест години и шест месеци. Борис Мичевски кој според обвинителниот акт наводно ги превезол украдените пари, добил казна од пет години и два месеци.

Пресудата денеска беше соопштена во Кривичниот суд, а според неа четвртообвинетиот во овој случај, Мирослав Каевски, вработен како трезорист во Тутунска банка, доби условна казна затвор од две години.