Алепо и Хама ослободени од сириската армија

9 февруари, 2018 | 22:28 часот | 700 прикажувања |

Сириската армија целосно ги ослободи провинциите Алепо и Хама од милитантите на Исламската држава, соопшти армијата.

Во пораката додаваат дека армијата заедно со сојузничките сили ослободила голем број населени места во Хама, Алепо и во Илиб.

Покрај тоа, во јужниот дел на провинцијата Алепо сириската војска ликвидирала и голем број членови на Џебхад ан-Нусра.