Corendon воведува сезонска линија Охрид-Мастрихт од 6 јули

9 февруари, 2018 | 14:31 часот | 574 прикажувања |

Холандскиот авиопревозник „Corendon“, од ова лето, ќе воведе сезонска авио линија од Охрид до градот Мастрихт, Југо-источна Холандија. Летовите ќе започнат да се реализираат од 6 јули.

Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам. Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети.

Од Општина Охрид информираат дека очекуваат уште неколку авиооператори меѓу кои „Brussels Airlines“, „Nordica“ и „TUIfly“да ги објават новите летови до Охрид што ќе се реализираат од ова лето.