ФОТО: Емпаер стејт билдинг ќе биде осветлена во боите на македонското знаме

9 февруари, 2018 | 13:06 часот | 1.684 прикажувања |

Боите на македонското знаме, заедно со другите знамиња на земјите учеснички на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2018 ќе бидат осветлени на познатата њујоршки облакодер Емпаер стејт билдинг.

Осветлувањето е во чест на денешното отворање 23-те Зимски олимписки игри кои се одржуваат во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички на ЗОИ, ќе почне вечерва во 23.22 часот.