Oдложени рочиштата за „Тотал“ и „Труст“

9 февруари, 2018 | 10:52 часот | 465 прикажувања |

Новинарот Драган Павловиќ Латас кој е осомничен за даночно затајување во предметот на СЈО „Тотал“, како што информираше неговата одбрана, поради лични и семејни причини не присуствуваше на денешното рочиште.

Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника.

Судијката Славица Наумова Јосифовска главната расправа ја одложи за 30 март.

Се одложи и рочиштето за случајот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица.

Судењето се одложи бидејќи економскиот вештак кој го понуди одбраната да сведочи, бил спречен да присуствува.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.