Отворена стечајна постапка за Медиа Принт Македонија

8 февруари, 2018 | 15:33 часот | 564 прикажувања |

Со одлука на судот и формално е отворен стечај за „Медиа Принт Македонија“, во чии рамки излегуваа четири дневни весници, еден неделник и еден интернет портал.

Судот, за стечаен управник го именуваше досегашниот времен стечаен управник Живко Калков, пишува „Правосудство.мк“.

„На денешното рочиште по предметот СТ 1193/ 17 за исполнување на услови за отворање на стечајна поатапка над должникот ‘МПМ’, судот, по изложување на извештајот на стечајниот управник, донесе решение за отворање на стечајна постапка над должникот ‘МПМ’“, велат од Основниот суд Скопје 2 – Скопје.

Компанијата ги издаваше дневните весници: „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ и неделникот „Теа модерна“.