МОН со поддршка на иницијативата “Во зима со велосипед на училиште и работа“

8 февруари, 2018 | 12:51 часот | 546 прикажувања |

Министерството за образование и наука дава поддршка и се приклучува кон иницијативата на неформалното здружение НаТочак и ве повикува да се вклучите во овогодинешниот “Winter Bike To Work Day/School Day“, глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и
придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство до работа и училиште во текот на целата календарска година.

Како може да се вклучите?

-Пратете електронска адреса и повикајте ги вашите вработени на 09.02.2018 година, да дојдат со
велосипед на работа.

– Впишете се Вие, Вашата институција/училиште и вашите вработени/ученици на мапата на светскиот настан https://winterbiketoworkday.org/

– Стиснете Вие и вашите вработени “ќе присуствувам” на фејсбук настанот, и доколку вашето училиште има веб страница или фејсбук профил, споделете го настанот со останатите https://www.facebook.com/events/411957482572496/

– Постирајте содржини и слики на хаштагот #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот:#WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден. Бидете кул компанија училиште чии вработени/ученици возат точак и на ладно време.