Бугарија со најголема сива економија во европските земји

8 февруари, 2018 | 12:17 часот | 580 прикажувања |

Според истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), делот кој отпаѓа на сивата економија од БДП меѓу европските држави, најголем е во Бугарија.

Анализирани  се 158 држави од светот, по Бугарија следи Турција со ниво на сива економија од 27,2 проценти од БДП, па Романија со 26,3 проценти.

Просечното ниво на сивa економија во Бугарија од 1991 до 2015 година изнесувало 29,17 проценти.

Најдобри резултати во 2017 година според истражувањето на ММФ постигнала Швајцарија, каде неформалниот удел на сива економија изнесува 6 проценти, а следи Австрија со 7,1 и Луксембург со 8,2 проценти.

Грција, бележи ниво на сива економија од 21, проценти од БДП.