Грчева ќе ја основа партијата „ГЛАС за Македонија“ на 24 февруари

8 февруари, 2018 | 10:33 часот | 5.859 прикажувања |

Партијата на поранешната пратеничка во македонското Собрание, Солза Грчева ќе биде формирана на 24 февруари.

Новата политичка опција ќе се вика „ГЛАС за Македонија“, а Грчева на својот фејсбук профил објави дека дополнително ќе го прецизира точното време и локација за Основачкото собрание на партијата.

„Поради голем интерес за настанот, ги замолувам основачите кои потпишале изјави, како и сите заинтересирани да ми потврдат свое присуство во инбокс, со кусо: доаѓам. Ова ни е потребно поради планирање на капацитетот на салата и сите други организациски работи“, напиша Грчева на социјалната мрежа Фејсбук.