Папата Бенедикт XVI: Се подготвувам за моето последно патување

7 февруари, 2018 | 15:53 часот | 631 прикажувања |

Во писмо до италијанскиот дневник „Кориера дела сера“ папата Бенедикт XVI, кој во април ќе наполни 91 година, напиша дека се подготвува за своето последно патување. Папата Бенедикт ја напушти функцијата понтиф во 2013 година и замина во пензија, а на чело на Римокатоличката црква дојде папата Франциско.

„Полека останувам без физичка сила, однатре сум на аџилак кон божјиот дом“, напишал Јозеф Рајцингер.

Тој истакнал дека лично го погодува вниманието на бројните читатели.

„Голема милост за мене е што сум опкружен со љубов и добрина каква што не сум можел ниту да замислам, на последниот дел од патувањето, кој понекогаш може да биде малку заморен“, додал папата.

Од своето повлекување во 2013, папата, кој е Германец, живее во мал манастир во Ватикан, во друштво на неколку милосрдни сестри и личен секретар Георг Гаенсвејн. Поранешниот папа секојдневно се моли, прима малку посетители и одговара на поштата. Навечер слуша вести на телевизија, следи неколку католички дневни весници и теолошки списанија.