Уставниот не поведе постапка за иницијативата на СМК поврзана со влезот во НАТО

7 февруари, 2018 | 15:49 часот | 705 прикажувања |

Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка по иницијативата на Светскиот македонски конгрес (СМК) за укинување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северноатлантската договорна организација – НАТО, од 23 декември 1993 година донесена од Собранието на Република Македонија.

Од СМК сметаат дека Собранието на РМ на седницата одржана на 23 декември 1993 година донело Одлука за стапување на Република Македонија во членство во НАТО врз основа на членот 121, а не врз основа на членот 120 од Уставот, со што е извршена груба повреда на уставните одредби.

Од Судот, пак, велат дека оваа Одлука е донесена во постапка каква што треба и не е уставно проблематична, и поради тоа останува во правниот поредок.