По промената на името на аеродромот, Коѕијас ќе слета во Скопје?

7 февруари, 2018 | 15:45 часот | 919 прикажувања |

Грчките медиуми не ја исклучуваат можноста шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас да го посети Скопје, откако вчера Владата донесе одлука аеродромот „Александар Велики“ да се преименува во „Меѓународен аеродром Скопје“.

„Во случај да се направат овие симболични чекори, не треба да се исклучи можноста министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, набргу авионски, да замине за Скопје, со директен лет од Атина, прв по многу години“, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а со сличен коментар е и онлајн изданието на весникот „Прото тема“, објавувајќи дека шефот на грчката дипломатија „ги подготвува куферите за Скопје“.

„Коѕијас се подготвува за патување во ПЈРМ по промената на името на аеродромот“, наведува „Прото тема“.