Сакаме решение, но не по секоја цена, рече Заев

7 февруари, 2018 | 15:37 часот | 2.551 прикажувања |

Премиерот Зоран Заев изјави дека не гледа потреба за промена на Уставот, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за уставни измени.

Тој рече дека барањето за промената на Уставот во разговорите за името е грчки став, што се разликува од нашиот.

„Во моментов сè што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство, и од тој аспект, не гледам потреба за тоа“, рече Заев.

За него, нема дiлема дека решението за името мора да гi гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и повтори дека за Владата е прифатливо име со географска одредница. Заев е дециден дека Македонија може со консензус по ова прашање во интерес на иднината на перспективите за НАТО и ЕУ интеграцијата да изнајде решение, рече Заев.

„Верувајте дека апсолутно знаеме што е тоа што е возможно, што е тоа што е дозволиво и до каде треба да одиме. Ќе направиме сè да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена“, порача Заев.

Процесот на преговорите за името ќе продолжи следната недела, со средба на медијаторот Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на двете земји.