ВМРО-ДПМНЕ: Во буџетот има пари за патни трошоци, но не и за повисоки плати на полицијата

18 ноември, 2017 | 11:29 часот | 355 прикажувања |

СДС ги лаже граѓаните. СДС ветуваше се и сешто, но со новиот Буџет за 2018 година кој е најголемиот досега, лагите се ставени и на хартија, а пратениците на СДС ќе ги гласаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата контастираат дека пари за патни трошоци и расипништво на Заев и неговите функционери ќе имало како никогаш досега, но ќе нема пари за повисоки плати на полицијата.

„Пари за стоки и услуги ќе има како никогаш досега, но затоа ќе нема ослободување од даноци на ситните земјоделци кои ќе плаќаат и повисоки акцизи. Повеќе пари за невладините организации ќе има, но затоа ќе нема пари за проектите со кои Заев ги лажеше граѓаните само да го добие нивниот глас.СДС на граѓаните над 65 годишна возраст им вети пензија проект доколку живееле над 20 години во Македонија. Во Буџетот за 2018 таков проект не е предвиден“, велат од опозициската партија.

Според нив, неодговорниот Зоран Заев ги излажал овие граѓани кои се надеваа дека од државата ќе добијат државна пензија, а не го оствариле правото на пензија преку стаж.

„СДС и Зоран Заев ветуваа живот за сите, а граѓаните гледаат само живот за Заев, Вице, Анѓушев и криминалниот клан околу нив. Граѓаните гледаат дека власта бескрупулозно се злоупотребува само за богатење на криминогената врхушка на СДС и фирмите кои ја помагале партијата. Лагите на СДС се гледаат и веќе не можат да поминат. Откако Заев ќе замине од власт, ќе се врати правдата, а сите што сториле криминал ќе одговараат“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.