Харвард ги идентификуваше петте најкорисни физички вежби

25 октомври, 2017 | 19:56 часот | 331 прикажувања |

Да истрчаш маратон може да звучи како физичкиот напор, кој најмногу придонесува за зацврстувње на телото, но сепак не е, бидејќи може да им наштети на зглобовите и да го отежни дигестивниот систем. Постојат најмалку пет други активности кои го прават телото посилно и поистрајно, а заедно со тоа го спасуваат од оптоварување и трошење.
Научниците од Медицинскиот универзитет во Харвард ги посочуваат петте најкорисни физички вежби по деталните споредби на ефектите од различни спортови врз човечкото тело.

1. Пливање

Пливањето може да се нарече совршена вежба, вели студијата н Харвард. Освен што ги поттикнување речиси сите групи на мускули во телото, го зголемува пулсот и ги подобрува перформансите на срцето и го штити мозокот од дегенеративни проблеми. Меѓу другото, тоа е погодно за повеќето луѓе, вклучувајќи со артритис, бидејќи ги штеди зглобовите. Истражувачите препорачуваат редовна вежба за 30-45 минути. Толку е доволно, за пливањето да биде еквивалентно на долг тренинг по аеробик, на пример, и е познато дека го крева духот и помага во борбата против депресијата и стресот.

2. Таи чи

Таи Чи е кинеска боречка вештина која комбинира серија на грациозни движења, кои личат на медитација со движење. Вежбите се изведуваат полека и внимателно, со голема концентрација и длабок здив. Секој учесник во вежбите може да следи сопственото темпо, што го прави погоден за луѓе од сите возрасти и во било која физичка форма. Највредното нешто е тука балансот на вниманието, што е еден од главните фактори на добра форма и нешто што го губиме со текот на годините, велат научниците.

3. Кревање товар

Ова генерално значи употреба на тегови за обука на различни групи на мускули. Според истражувачите, ако едно лице спортува четири или пет дена во неделата, најмалку два или три од нив треба да вклучи вежби со кревање тежина. Препорачано е помали тежини и чести кратки повторувања за почеток и да ги зголемиме тежините и повторувањата со текот на времето. За видливи ефекти, потребно е упорност.

4. Одење

Придобивките од 30-минутната прошетка секој ден, дури и со умерен од, се докажани многу пати во разни студии. Има корисни ефекти и на телото и на умот. Едно од последните истражувања во серијата покажува пример дека кај возрасни луѓе – меѓу 60 и 90 години – одење по 30 минути на ден во тек на 12 недели ги заздравува невронските врски на меморијата во мозокот. Друг нов експеримент, сепак, покажува дека редовните прошетки исто така помагаат и на депресијата. Харвард им препорачува на сите да го заменат јавниот транспорт или автомобилот со пешачење, барем за дел од патот.