Грчкото МНР: Преименувањето на аеродромот е позитивен чекор за пресврт

6 февруари, 2018 | 20:43 часот | 618 прикажувања |

„Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешната југословенска Република Македонија да го преименува аеродромот во Скопје во „Меѓународен аеродром Скопје“, како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во „Автопат Пријателство“.

Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи“, соопштуваат од грчкото Министерство за надворешни работи, по повод денешната одлука на македонската Влада.