Судот одлучи, Касами останува претседател на Беса

6 февруари, 2018 | 20:09 часот | 631 прикажувања |

Основниот суд го одби барањето на дел од членството на движењето Беса, да се промени името на претседателот на партијата,  Биљал Касами останува претседател на партијата. Судот постапуваше по барањето на дел од членството, кое на Централен совет го смени Касами и на негово место го именуваше Неџбедин Каремани.

Двете фракции одржаа прес конференции по одлуката на судот. За приварзаниците на Касами, одлуката на судот им става крај на шпекулациите. За другиот табар, пак, спорот за добивање на легитимитет се уште не е завршен. Тие очекуваат тоа да се реши по Конгресот на партијата. Првиот партиски конгрес на Беса е закажан за 24 февруари.