За сите итни повици во Македонија отсега ќе се ѕвони на еден број

6 февруари, 2018 | 20:08 часот | 636 прикажувања |

Владата ја усвои информацијата за потребата од воспоставување на единствен комуникациско – информативен систем со единствениот европски број за итни повици Е-112 во Република Македонија.

Владата го задолжи Центарот за управување со кризи во наредниот период, заедно со неколку надлежни министерства, како и институции да најде начин за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на активностите.