Преименувањата на аеродромот и автопатот се одлична вест, рече Жбогар

6 февруари, 2018 | 19:47 часот | 1.620 прикажувања |

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на заедничката прес конференија со премиерот Зоран Заев за преименувањата на скопскиот аеродром и меѓународниот автопат кој минува низ Македонија рече дека се одлична вест.

„Овие две одлуки се одлична вест. Покажуваат дека оваа Влада е сериозна во носењето одлуки. Но, ја покажува и решеноста да најде решение за спорот со Грција“, рече евроамбасадорот Жбогар.