„Александар Велики“ ќе го промени името во „Меѓународен аеродром Скопје“

6 февруари, 2018 | 17:56 часот | 4.682 прикажувања |

Аеродромот во Скопје „Александар Велики“ ќе се преименува во „Меѓународен аеродом Скопје“, соопшти вечерва премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Со одлуката која што ја донела Владата на денешната седница, рече премиерот Заев, се потврдува исчекорот за градење пријателство и доверба со Грција.

Владата денеска донела и официјална одлука автопатот Е-75 да се преименува во „Пријателство“, име кое беше соопштено на заедничката прес-конференција на Заев и Ципрас во Давос.