Влада на РМ: Јавноста е целосно информирана за преговарачкиот процес

6 февруари, 2018 | 16:19 часот | 336 прикажувања |

По изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас дека Владата во Скопје не ја информирала македонската јавност за тоа која ќе биде географската одредница во новото сложено име на Македонија, со реакција се јавија од македонската Влада:

„На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, за прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана.

Изнаоѓањето взаемно прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес. Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави.

За секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана“, стои во соопштението пратено од владината прес служба.