Рочиште за случајот „Сопот“ во Кривичен суд

6 февруари, 2018 | 10:52 часот | 342 прикажувања |

Поради смена на судискиот совет, судењето за „Сопот“ почна од почеток. Обвинетите кои беа присутни се изјаснија дека го разбираат обвинението и остануваат на тоа што го кажале. На четворица обвинети ќе им се суди во отсуство.

На следното рочиште исказ ќе дадат полициски инспектори. Треба да се сослушаат сведоците.

Адвокатот Насер Рауфи рече дека можеби ќе сведочат и поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков и ексминистерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска, ако судот ги прифати за сведоци. Следното рочиште е закажано за 2 март.

Случајот е од 2003-та година, кога загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.

Десет лица беа осудени за тероризам. Се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево- Сопот. На минатото рочиште беше сослушан еден од сведоците. Не го сменил исказот што го дал во истрагата.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот.