Денес во Зајас ќе бидат погребани посмртни останки на албански жртви

18 ноември, 2017 | 12:10 часот | 234 прикажувања |

Во селото Зајас, Кичевско, денеска ќе бидат погребани посмртните останки на албанските жртви од масакрите од 1913 година па сè до Втората светска војна кои биле пронајдени во некои масовни гробници.

По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, ќе држи говор пред присутните заедно со Беким Јашари од Косово и Пандели Мајко од Албанија.

Погребот на посмртните останки на жртвите на геноцидот врз Албанците ќе се одржи во Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево со почеток во 13 часот, информираат од ДУИ.