Сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците се преведени на албански

5 февруари, 2018 | 16:14 часот | 409 прикажувања |

Сите поднесени амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците се преведени и архивирани, соопшти Собранието.

„Сите амандмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент. Службата на Собранието уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија сè до целосното завршување на процесот. Сите амандмани се преведени од страна на службата во Секторот за преведување на Собранието на Република Македонија“, соопшти Собранието.

Од таму додаваат дека со оглед на големиот број амандмани, потребно е тие да се разгледаат и да се постапи по нив во согласност со одредбите на Деловникот за работа на Собранието, по што законот за јазиците ќе биде разгледан.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани. За нив Собранието требаше да почна расправа минатата недела, но точката беше тргната од дневен ред затоа што амандманите не беа преведени. Законот за јазиците во трето читање треба да се врати на дневен ред кога Ѓорге Иванов одби да го потише и со низа забелешки го врати до пратениците.