Финскиот претседател стана татко на 69 години

5 февруари, 2018 | 10:54 часот | 658 прикажувања |

Саули Нинисто (69) е првиот фински претседател кој станал татко додека ја извршувал таа функција, соопшти неговиот Кабинет.

Сопругата на Нинисто, Јени Хаукио, (40) роди син.

„Таткото, кој и беше присутен на породувањето, вели дека мајката и бебето се добро“, се вели во известувањето.

Нинисто и Хаукио се венчаа во 2009 година. Момчето е трето дете на финскиот претседател, а прво на неговата сопруга.

Претходната сопруга на Нинисто загина во сообраќајна несреќа во 1995.

Минатиот месец, Нинисто го доби вториот шестгодишен мандат.