Ципрас: “Земјотресот и милионите луѓе кои ги очекуваа организаторите Андонис Самарас и Кирјакос Мицотакис, останаа само желба“

5 февруари, 2018 | 9:41 часот | 637 прикажувања |

“Земјотресот и милионите луѓе кои ги очекуваа организаторите Андонис Самарас и Кирјакос Мицотакис, останаа само желба. Мнозинството грчки граѓани останаа пред телевизорите, без оглед на нивната позиција. “ Ова се наведува во соопштението од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас по повод вчерашниот протест во Атина за “заштита на името Македонија”.

Владејачката партија “Сириза” исто така, објави изјава во која се истакнува дека “протестот бил под очекувањата на организаторите”, кои во последните денови, заедно со дел од медиумите   агитира луѓето да учествуваат во него.
“Сириза”  ја поддржува владата и преговорите за решавање на спорот за името со соседната држава, пишува во документот.

“Мирниот соживот на луѓето, безбедноста и стабилноста на Балканот се најдобра гаранција за националните интереси”, се вели во декларацијата од партијата на Ципрас “Сириза”.