Денеска почнува судењето за предметот „Трезор“

5 февруари, 2018 | 8:44 часот | 322 прикажувања |

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска почнува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“ за набавка на опема за шпионирање во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Покрај Мијалков во случајот се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.

Тие се товарат за  злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.