Приказната за Абрахам Линкон: зошто никогаш не треба да се срамиме од потеклото?

4 февруари, 2018 | 19:35 часот | 1.337 прикажувања |

Абрахам Линколн бил син на чевлар, пред да стане претседател на САД. Голем дел дел од аристократите во Сенатот, не можеле да ја поднесат помислата дека претседателот на државата е син на чевлар. Тие биле луѓе кои сметале дека имаат природно право да владеат и да бидат на највисоките државни позиции.

Кога за првпат требало да стане и да се обрати пред Сенатот, еден аристократ му се обратил на Линколн:

„Господине Линколн, иако по некој несреќен случај станавте претседател на оваа земја, не заборавајте дека во минатото доаѓавте со вашиот татко во мојата куќа за да правите чевли за моето семејство. Многу сенатори носат чевли кои ги правел вашиот татко. Никогаш немојте да го заборавите вашето потекло“.

Целиот Сенат громогласно се изнасмеал на тоа, а аристократот мислел дека со тие зборови ќе го понижи. Но не можете да понижите човек како Абрахам Линколн. Можете да ги понижите само ситните души кои патат од комплекс на помала вредност. Најголемите луѓе се над понижувањата.

Линколн го погледнал човекот и му рекол:

„Господине, знам дека мојот татко правеше чевли во вашата куќа за вашето семејство. Мојот татко беше прекрасен и добар творец – немаше друг човек што правеше толку убави чевли. Многу добро знам дека никогаш нема да бидам толку добар претседател колку што тој беше добар творец. Тоа не беа обични чевли, тој ја оставаше душата во нив. Сакам да ве прашам, имате ли некоја поплака? Бидејќи и самиот знам да изработувам чевли, ако имате било каква поплака ќе ви изработам уште еден пар. Но, колку што знам, никој досега не се пожалил за чевлите изработени од мојот татко. Тој беше гениј, уметник и јас сум горд на татко ми!“

Во Сенатот завладеала мртва тишина. Сенаторите не можеле да сфатат каков тип на човек бил Абрахам Линколн. Тој го направил чевларството уметност, креативност. И бил горд затоа што татко му ја работел таа работа толку добро, што немало ниедна поплака за тоа. И, иако бил претседател на САД, тој бил подготвен да направи уште еден пар чевли, ако имало поплака за нивната изработка.

Човекот кој го испровоцирал изгледал глупаво. Линколн инсистирал тој да одговори:

„Мора да зборувате. Зошто станавте толку глупав? Сакавте да ме направите будала, а сега погледнете, направивте будала од себеси!“