Ердоган доби извинување од НАТО затоа што бил ставен на „листа на непријатели“

18 ноември, 2017 | 11:58 часот | 223 прикажувања |

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му се извини на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, затоа што неговото име се најде на листата на непријатели за време на воена вежба.

Ердоган повлече 40 војници од вежбата затоа што неговото име, но и името на Кемал Ататурк се најде помеѓу непријателите и рече дека тоа „не е единство и не е алијанса“.

Столтенберг истакна дека инцидентот не претставува став на НАТО и дека е во прашање „потег на поединец“ и дека листата на непријатели наводно ја составувало лице кое не е вработено во НАТО.

Столтенберг објасни дека тоа лице било под договор со норвешките власти, кои го тргнале од воената вежба и спроведуваат истрага за инцидентот.

„Турција е многу ценет сојузник на НАТО и тие придонесуваат во заедничката безбедност“, изјави Столтенберг.