„Единствена Македонија“: Заев да престане со активностите за обезличување на Македонците

4 февруари, 2018 | 14:11 часот | 3.805 прикажувања |

Политичката партија „Единствена Македонија“ и македонскиот народ се силно вознемирени од вчерашната реакција на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, со која по телефон го искарал Метју Нимиц и притоа јасно побарал преговорите за името да продолжат според она што било договорено во Давос, велат од партијата на Јанко Бачев.

„Земајќи предвид дека во Давос се сретнаа Заев и Ципрас и дека по оваа средба токму Коѕијас на грчката државна телевизија изјави дека решение во спорот за името ќе има со договорени седум точки кои опфаќаат промена на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците, промена на уставот, пасошите и личните карти…, произлегува дека Заев и Ципрас во Давос договориле целосно обезличување на Македонија и Македонците.

Затоа, Единствена Македонија во име на македонскиот народ бара од Заев да се вразуми и веднаш да престане со сите активности за обезличување на Македонците кои претставуваат опасна авантура со немерливи последици за македонскиот народ и држава“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.