71,5 отсто од Грците се противат на терминот Македонија

4 февруари, 2018 | 13:04 часот | 515 прикажувања |

Истражувањето спроведено од солунскиот Универзитет Македонија покажало дека само 22,5 отсто од Грците се спремни да прифатат сложено име за Македонија, а 71,5 отсто се против употреба на терминот Македонија.

Овие резултати покажуваат промена на јавното мислење во Грција, бидејќи на истата анкета во 2016 година, 57 отсто од граѓаните не го прифаќаа терминот Македонија, а 38 отсто беа за сложено име.

Само 5 отсто од Грците сметаат дека ЕУ и НАТО функционираат во корист на Грција, а 32 отсто сметаат дека тие работат во корист на Македонија.

18 отсто од анкетираните грчки граѓани сметаат дека Русија функционира во корист на Грција, наспроти 20 отсто кои сметаат дека русите работат во корист на Македонија.

Прашањето за името е важно за 65 отсто од Грците, а мнозинството од граѓаните сметаат дека грчките политичари водат погрешна политика во однос на прашањето за името.