Се санираат последиците од невремето во охридско

4 февруари, 2018 | 12:55 часот | 540 прикажувања |

Кризниот штаб и јавните претпријатија на Охрид викендов се постојано на терен каде се санираат последиците од невремето кое го погоди регионот.

Екипите го чистат коритото на Коселска река на потегот кој е блокиран од ѓубре и дрвја. Од општината информираат дека се работи на санирање на овој дел и на делумно проширување за да се овозможи нормален проток на водата.

Екипи на „МЈП Проаква’ се на терен на потегот на Булевар Железничка каде исто така се санираат настанатите штети од поплавите предизвикани од обилните врнежи на дожд, кои според последните мерења се искачија до над 13 литри на м2, се наведува во соопштението од општина Охрид.

Екипите на Јавните локални претријатија вчера ги санирале и оштетувањата од паднатото дрво кај црквата „Света Софија“.