Грците очекуваат милион луѓе на протестот во Атина „Македонија е грчка“

4 февруари, 2018 | 11:41 часот | 1.100 прикажувања |

Плоштадот Синтагма во грчката престолнина Атина почна да се полни со автобуси уште рано утрово, по повод големиот најавен протест „Македонија е грчка“ на кој според проценките се очекува да се соберат околу милион Грци.

Грчката полиција подготвила план за безбедност, ќе бидат поставени бариери, а 19.000 полицајци ќе го обезбедуваат протестот. Протестот официјално е најавен да започне во 14 часот.

Подготовките за масовниот протест се завршени, а граѓани веќе започнаа да се упатуваат кон градскиот плоштад.

Организаторите очекуваат толпата да ги надмине бројките на демонстрациите одржани во последните години во главниот град на Грција. Според нив, протестот ги надминува политичките партии и неговата порака е патриотска и непартиска.

Протестот тврдат дека е финансиран од „македонски организации во Грција и надвор од неа, особено од САД“.

Медиумите пренесуваат дека грчката полиција е на готовс за да бидат превенирани можни немири откако беше закажан и контра-протест во близина на главниот протест. Полицијата ќе придружува и десетици автобуси кои ќе носат демонстранти од другите делови на земјата на главниот протест кој е поддржан од грчката црква.