
Меѓународната агенција „Фич“ го промени изгледот на Македонија од негативен во позитивен со потврден ББ рејтинг, што е позитивна вест за Република Македонија, соопштија од владејачката СДСМ.
„Промената на изгледот на Македонија од негативен во позитивен од страна на ‘Фич’ е потврда дека реформите коишто ги спроведува владата предводена од СДСМ, финансиската и економска стабилизација, како и економските мерки носат позитивни резултати. На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација, подобрувањто на меѓународната позиција на земјава, напредокот на реформите од Планот 3-6-9, резултатот на локалните избори како потврда на дадениот мандат на граѓаните за реформи“, велат од партијата.
Оттаму истакнуваат дека на потврдата на рејтингот ББ влијаеле и одржувањето на ниска инфлација, како и обезбедената финансиска стабилност преку соодветна финансиска политика.
Од СДСМ воедно уверуваат дека владата ќе продолжи да работи одговорно, спроведувајќи мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат придвижување на економијата.