Македонците во Франкфурт: Обединети и единствени за одбрана на името и идентитетот

3 февруари, 2018 | 23:03 часот | 1.698 прикажувања |

Македонската заедница во Франкфурт денес во 12.00 часот организираше протест на плоштадот Гете во Франкфурт (Frankfurt Goetheplatz) со цел како што велат да се сврти вниманието на Европската Унија кон Македонија и македонскиот народ.

Од плоштадот Гете, Македонците продолжија со марш по булевар Kaiserstrasse до новата Железничка станица. Денес во Франкфурт се организираше протест и на грчката заедница со пораки против Македонците и „Македонија е една и грчка“.

„Да останеме обединети и единствени за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“, порачаа Македонците на мирниот протест во Франкфурт.