Колариќ: Загубени сто дена на Шилегов, со лаги и неработа, а без капитални проекти

3 февруари, 2018 | 16:39 часот | 540 прикажувања |

100 дена Шилегов е еднакво на 100 дена лаги, неработење и партизација на адмнистрација и јавните претпријатија на град Скопје.

Најголемата работа по која ќе се памети Шилегов во неговите први сто дена е обидот низ мала врата да донесе поскапување на цената на водата на Скопјани над 30 отсто. Во опозиција бараа 30 осто пониска цена на вода, но побрзаа во првите сто дена да се поскапи за над 30 осто.  Под притисок на јавноста не поскапи водата. Знаејќи го него оваа серија најверојатно ќе има уште продолженија. Ова денеска го истакна Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.