Собранието не ги изгласа замениците на генералниот секретар

17 ноември, 2017 | 15:58 часот | 212 прикажувања |

Сосем непотребно е во Собранието да има 5-мина заменици на Генералниот секретар, смета опозицијата.

Велат дека тоа значи непродуктивно трошење на парите од даночните обврзници за да ги задоволат меѓупартиските потреби, во како што рекоа, кревката владина коалиција. Парите за вишокот заменици како генерални секретар, но и потпретседатели на Собранието, велат, може да се искористат за водоводи, болнички кревети или поправка на патна инфраструктура.

Тоа што го говорите е лицемерие, возвратија Социјалдемократите. Ја окарактеризираа опозицијата како деструктивна бидејќи има 10 пратенички гупи кои ја одолговлекуваат работата во Парламентот.

Предлозите за нови генерални секретари на Собранието ќе се гласаат на 24-ти ноември бидејќи во салата не беа присутни поголемиот дел од пратениците.

извор: МРТ